Загина 27-годишен мигрант од Бангладеш , а шест се повредени откако скокнале од возилото за превезување кај Удово
27 - годишен мигрант од Бангладеш загинал, а шестмина се повредени откако скокнале од возилото со кое биле превезувани. Мигрантите биле пронајдени рано утрово покрај магистралниот пат Удово Демир Капија во близина на Водисирска река.
Мигрантите од Пакистан и Бангладеш кои биле 14 на број ги пронашле полициски службеници од регионалниот центар за гранични работи Југ. Тие на полицајците им рекле дека биле истоварени од страна на возачот на возилото со кое се превезувале. Возачот им рекол дека дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Скокајки од возилото шестмина се здобиле со повреди, а едниот од нив починал.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.
Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
