Македонија
26. December 2020 - 19:56

Загриженост за сообраќајната безбедност и во Охрид

Сообраќајниот хаос секојднeвно ги става во опаснот пешаците,велосипедистите а во одредени ситуации и возачите. Последната сообраќаjна несреќа во која две деца беа повредени повторно го вклучи алармот во градот колку се почитуваат мерките за безбедност.  

Железничка од поодамна важи за една од поопасните сообраќајници. Жителите кои живеат во овој дел стравуваат за својата безбедност тие велат дека не се почитува ограничувањето на брзината бараат построги казни за недисциплинираните и постојано присуство на полиција.

Од СВР Охрид велат дека се прават кампањи за подигнување на свеста кај граѓаните и апелираат  до сите возачи да внимаваат на својата и на безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

За претстојните празници од охридската полиција најавија засилени контроли .Инаку во текот на оваа  година на подрачјето на Охрид регистрирани се 44 сообраќајни несреќи  и пет загинати лица.