Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори со сите расположливи средства

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова синоќа изјави дека Москва не планира да го нападне НАТО, но предупреди дека на секој напад од Алијансата ќе одговори со сите достапни средства.
Таа коментирајќи ја изјавата на германски генерал за подготвеноста на НАТО за војна со Русија, истакна дека претставниците на Алијансата секојдневно водат „координирана кампања на психолошка подготовка на населението за судир, користејќи ја Русија како жртвено јагне за внатрешни проблеми“.
- Доколку меѓу стратезите на НАТО се појави таква луда идеја, напад врз нашата земја, тие не треба да се сомневаат дека ќе одговориме користејќи ги сите расположливи средства. Руското раководство редовно го ова го кажува, посочи Захарова.
Таа додаде дека „Русија е подготвена за секакво сценарио и секогаш дава приоритет на мирот, пријателството и еднаквата соработка“.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
