Зајакната акциска контрола на МВР - санкционирани 60 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол

Во периодот од 22.00 часот на 08.08.2026 до 04.00 часот на 09.08.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на целата државата, насочена кон санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол. 55 возачи биле санкционирани согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека за пет возачи се поднесени соодветни пријави од Кривичниот законик.
Дополнително, биле откриени и санкционирани и 124 други видови сообраќајни прекршоци.
Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе продолжи со засилени сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.
Ново на Сител
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
-

Тензии поради Законот за високо образование
-

Од денеска поскапи горива
-

Индиската претседателка Друпади Мурму во официјална посета на Македонија
-

АХВ ги проширува активностите земени се дополнителни мостри од градинки, јавни установи и угостителски објекти во Гостивар
-

Водичите треба да се прилагодат на модерните трендови
-

Под лупа операторите на штипските гробишта
