„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
Амбасадата на Грција во Скопје започна кампања наменета за македонските граѓани кои имаат грчко потекло и можеби ги исполнуваат условите за стекнување грчко државјанство.
„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, стои во пораката објавена од амбасадата.
Во кампањата се наведува дека заинтересираните можат да добијат информации за условите, потребната документација и чекорите за поднесување барање за државјанство врз основа на потекло – преку родител, баба или дедо со грчко потекло.
Постапката, како што информираат од Амбасадата, започнува во надлежниот грчки конзулат според местото на живеење, каде граѓаните можат да добијат насоки за текот на процесот.
Од грчката амбасада ги повикуваат сите кои сметаат дека ги исполнуваат условите да се информираат преку официјалните канали и да проверат дали имаат право да аплицираат за грчко државјанство.
Ново на Сител
-

Безбедна е водата за пиење во Скопје
-

Комбе со српски туристи на пат кон Грција излета од патот кај Велес, возачот наводно заспал
-

3.100 затруени во Гостивар
-

СОЗР ги објави локациите во Гостивар каде ќе се дистрибуира вода за населението, денеска испорака на 76.000 литри
-

Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени кога ќе одобри Обвинителството
-

Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата
-

До петок настабилно време со дожд, грмежи и ветер
-

Уапсена директорката на „Комуналец“ Гостивар, приведени и двајца директори
