„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
Амбасадата на Грција во Скопје започна кампања наменета за македонските граѓани кои имаат грчко потекло и можеби ги исполнуваат условите за стекнување грчко државјанство.
„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, стои во пораката објавена од амбасадата.
Во кампањата се наведува дека заинтересираните можат да добијат информации за условите, потребната документација и чекорите за поднесување барање за државјанство врз основа на потекло – преку родител, баба или дедо со грчко потекло.
Постапката, како што информираат од Амбасадата, започнува во надлежниот грчки конзулат според местото на живеење, каде граѓаните можат да добијат насоки за текот на процесот.
Од грчката амбасада ги повикуваат сите кои сметаат дека ги исполнуваат условите да се информираат преку официјалните канали и да проверат дали имаат право да аплицираат за грчко државјанство.
Ново на Сител
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
-

ДИК: Вкупно 107 болни или немоќни и 9 лица кои се на издржување казна затвор можат да гласаат на вториот круг во Брвеница
-

Бројот на смртни случаи од ебола во Конго надминува 5.000
-

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД
-

Утре втор круг од изборите за градоначалник во Брвеница, денеска гласаат болните
-

Облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Денеска се празнува Светиот апостол и евангелист Лука
-

Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка
