Македонија
15. јуни 2025 - 16:33

Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит

ЛДП бара итна собраниска седница зад затворени врати за усвојување единствена Национална позиција за претстојниот состанок во НАТО, но и изработка на Стратегија за да се инвестира во домашната одбранбена индустрија. Зајкова вели дека партијата со која раководи, го поддржува предлогот на Руте за зголемување на буџетот за одбраната од 2% на 5% од БДП, но со барање секој денар да остане во Македонија. 

„Ако веќе плаќаме повеќе, а по однос на она што го слушаме - изгледа ќе мораме, тогаш нашето барање е едноставно: секој денар мора да остане тука, дома, во Македонија. Инвестираме во одбраната, но од македонско производство.- На крајот од оваа затворена седница треба да произлезат јасни заклучоци: Дека целата нација, односно целиот Парламент – власта и опозицијата заедно – застануваат зад владините претставници на НАТО самитот. Дали оваа седница ќе биде одржана, односно дали предлогот на ЛДП ќе биде прифатен, во најголема мера зависи од парламентарното мнозинство,изјави Моника Зајкова, ЛДП. 

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не прецизираат дали предлогот е прифатлив за нив. 

И од Владата без детали дали премиерот и министрите за надворешни работи и одбрана би присуствувале на ваква седница како што бараат од ЛДП.

Со став за седнциа се произнесоа ниту СДСМ, ниту партиите од албанскиот политички блок.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Холандија ќе ги собере претседатели и лидери на влади на земјите членки. Очекувањата се дека ќе се донесе одлука за членките на Алијансата да го зголемат буџетот за одбрана од сегашните два на пет проценти од БДП. Македонија одвојува над 2,5%, додека се уште постојат држави кои се уште не го извојуваат тој минимум од 2%.