Македонија
31. May 2021 - 16:43

Законот за државјанство пред пратениците

И покрај договорот меѓу власта и албанската опозиција, Собранието не ја почна комисиската расправа за закон за државјанство со кој македонски документи треба да добијат неколку илјади граѓани.

Опозицисиката ВМРО-ДПМНЕ преку процедурални заблешки во матичната Комсијата за одбрана ја одговлечи седницата и побара за договореното да се отвори поширока јавна дебата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се пожали дека ниту таа, ниту институции или пак, граѓански здруженија биле вклучени во преговорите. Власта го отфрли предлогот за јавна дискусија со образложение дека е помината првата фаза од измените на законот.

Предлагачите од Алијанса и Алтернатива пак, понудија договорените амандмани со власта што треба да бидат усвени како комисиски да им бидат дадени и на ВМРО-ДПМНЕ за да дадат забелешки. Побараа овој закон да не се политизира.

Измените на законот за државјанство на албанската опозиција веќе половина година ја блокира непречената работа на парламентот. По неколку месечни договори меѓу СДСМ и Алијанса и Алтернатива произлегоа 10 амандмани за законот. Со нив се отфрла првичниот предлог државјанство да се добива по пат на сведоци. Неофицијално, се предлага како доказ за престој во државата да се признават и документи издавани од македонски институции, а бројот на години задолжителен престој во Македонија да се намали на 7.