Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
По повеќе од една деценија, на маса е нов закон за високо образование. Суштината е јасна да се постигне квалитет пред квантитет. Државата планира строга евалуација и кратење на нефункционалните студиски програми, додека медицината и архитектурата се дефинираат како јавен интерес кој ќе биде заштитен.
Од академската фела сметаат дека самиот предлог закон суштински нема да донесе подобрување бидејќи е врзан со сите останати системски закони. Во сите европски држави професорот Дуев вели законот е само рамка а се друго е оставено на универзитетите да ги дефинираат критериумите.
Отсуството на национално студентско претставување е сериозен пропуст што мора да се коригира порача лидерот на Форумот за образовни промени. Забелешки има и за новите повисоки критериуми кои смета дека ќе важат само за идните професори. Како трет клучен проблем ја посочува автономијата на универзитетите, особено зголемената улога на извршната власт во универзитетските одлуки.
За доскорешниот лидер на УСС законот е прифатлив бидејќи инкорпорира голем дел од нивните клучни барања, како подолгите мандати на студентските претставници. Недостасува обединување на студентските собранија на национално ниво и нов концепт за бесплатно високо образование.
Најавени се јавни расправи за законот и работни групи формирани од МОН. Законот треба да биде изготвен до 26 февруари по што ќе се најде на комисиска расправа пред пратениците.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
