Аргентински „спајдерменовци“ се обидоа да постават нов светски рекорд
На собир во Буенос Аирес, Аргентина, вчера, повеќе од 1.000 луѓе – сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“ на „Марвел“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност.
Настанот е организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин. Целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе облечени како „Спајдермен“ на еден јавен собир. Во Малезија претходно, во јуни, имаше рекордни 685 „спајдерменовци“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Говорејќи пред новинарите, Дин рече дека „сакал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.
– Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.
Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Многу сме поподготвени за справување со пожари од порано, ставени се во употреба 38 возила
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути