Аргентински „спајдерменовци“ се обидоа да постават нов светски рекорд
На собир во Буенос Аирес, Аргентина, вчера, повеќе од 1.000 луѓе – сите облечени како култниот суперхерој „Спајдермен“ на „Марвел“, се обидоа да постават нов светски рекорд во бројност.
Настанот е организиран од аргентинскиот „инфлуенсер“ Уки Дин. Целта беше да се собори светскиот рекорд за најголем собир на луѓе облечени како „Спајдермен“ на еден јавен собир. Во Малезија претходно, во јуни, имаше рекордни 685 „спајдерменовци“ на едно место. Тоа влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Говорејќи пред новинарите, Дин рече дека „сакал да повика 700 лица“, но дошле многу повеќе.
– Имаме повеќе од 1.000 потписи (за присуство, з.п.). Лудо е тоа што сѐ „Спајдермен“ може да поттикне. Тоа ме радува многу!, додаде тој.
Гинисовиот рекорд допрва ќе треба да се провери и потврди. Организаторите побараа од учесниците да ги дадат своите потписи и да бидат фотографирани како дел од документацијата за рекордот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото