Македонија
24. May 2026 - 16:23

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина

Нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина .Ако се држиме цврство и обединето без оглед на тоа кој е на  другата страна ќе останеме цврсти а споделената мака е помала мака.Токму тоа јадро било разнишувано и удирано во историската судбина на Македонија.

Македонија се соочува со сериозна и неправедна  блокада во нејзините интеграции  истакна премиерот Христијан Мицкосоки на свечената академија Од слово до вечност на одбележувањето на денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.

Мицкоски исто така порача дека државата мора да остане достоинствена на својот европски пат, но без откажување од националниот идентитет и јазик, повикувајќи на обединување на општеството околу клучните национални и образовни цели

Животот овде на овие македонски простори каде историските околности не секогаш биле наклонети кон нас и кон нашите стремежи ни овозможил да созрееме како народ со свој јазик и култура подвлече епископот Хераклејски Климент.

Премиерот Мицкоски  подвлече дека браќата Кирил и Методиј испратиле порака која и денес е современа и моќна -секој народ има право на образование,култура ,духовен израз и свој јазик.народ кој не ја познава својата писменост и култура лесно станува туѓ во сопствената историја.