Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може да плаќаат до 13 евра месечно за верзија без реклами

Компанијата Мета размислува за план според кој корисниците на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм во Европската Унија ќе треба да плаќаат до 13 евра месечно за верзија без реклами или да се согласат на персонализирани реклами доколку сакаат да продолжат да ја користат бесплатната верзија.
Според овој план, Мета месечно би наплатувала околу 10 евра за сметки на Фејсбук или Инстаграм на персоналните компјутери и уште околу шест евра за секоја дополнителна поврзана сметка, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на упатени извори.
Како што пренесува Ројтерс, корисниците на мобилни телефони месечно би плаќале околу 13 евра за користење на споменатите платформи бидејќи Мета во цената би ги вклучила и провизиите што ги наплаќаат продавниците за апликации Епл и Гугл.
Претходно оваа година, ирската регулаторна агенција ДПЦ ја казни компанијата Мета со 390 милиони евра и заклучи дека калифорниската компанија нема право да испраќа реклами до корисниците во ЕУ врз основа на нивните онлајн-активности врз основа на постоечкиот договор. Мета потоа објави дека ќе бара согласност од корисниците во ЕУ пред да го дозволи таканареченото насочено рекламирање.
Ново на Сител
-

Во голема акција разбиена група која организирала нелегално коцкање во Скопје - Осомничени 8 лица
-

ДДВ-то од 18% за малите пратки од Тему и Али Експрес е вклучено во цената која ја плаќаат граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Банкарот на Вучиќ станал банкар на Мицкоски
-

Родовата еднаковст како европски стандард
-

Електронски ќе се вадат потврдите за царински долг
-

Странските студенти на УГД го менуваат фокусот, информатика пред медицина
-

Подготовки за Свети Никола во Прилеп
