Штетните последици од предолгата употреба на цуцла

Бебињата и малите деца се речиси незамисливи без цуцла. Многу родители ги користат за да ги смират своите деца и да им пружат своевидна удобност, но стручњаците сѐ почесто предупредуваат на последиците што може да ги предизвика прекумерното користење цуцла.
Некои од последиците од предолгата употреба на овој омилен детски предмет за џвакање, може да бидат деформација на непцата, неправилна положба на јазикот, поткаснување или различен начин на голтање, што на крајот може да доведе и до тешкотии со говорот. Затоа е важно да се осознаат методите што можат да му помогнат на детето да се одвикне.
Така, според порталот „Веб-МД“ (WebMD), еден од најдобрите начини за постепено ограничување на употребата на цуцли - е да му ја дадете на Вашето дете само кога ќе спие. Исто така, подобро е да се користи пофалба наместо критика. Имено, пофалете го дете кога не носи цуцла, на пр. давајќи му хартиена ѕвезда како награда.
Она што е важно да се напомене е и дека многу деца посегнуваат по цуцла поради здодевност. Во тој случај, најдобро е ако малечкото е зафатено со други „задачи“ и занимливости. Подарете му/ѝ играчка што му/ѝ се допаѓа или смислете некои образовно-забавни игри за да им го одвлечете вниманието од цуцлата.
За целосно отфрлање на цуцлата, се користат и други смирувачки начини како што е заспивање со нишање, со приказна за тоа како „цуцлата треба да оди на друго место“. Децата ја сакаат креативноста, па мислата „да бидат подалеку од цуцлата“ може да помогне полесно да се збогуваат со дотогашната нивна омилена занимација.
Важно е родителот да биде трпелив при одвикнувањето и да ги информирате за тоа оние кои секојдневно се во контакт со Вашето дете.
Конечно, важно е и времето кога ќе се почне со одвикнувањето од цуцлата. Тоа на пр. не треба да се случува кога детето е во тежок период, ако има уште еден, помал член во семејството, кога детето тргнува во градинка или на училиште и други битни промени во животот на детето во развој.
Ново на Сител
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
-

Одложена седницата за избор на в.д државен јавен обвинител
-

Се нижат оставки во СДСМ и барања за смена на Филипче по изборот на ново раководство
-

Во Струмица и Кичево не се дише, Скопје втор најзагаден град во Европа
