Што досега научил роботот „Оптимус“ на „Тесла“?

Технолошката компанија „Тесла“ сподели видео од својот човеколик робот „Оптимус“ што учи сѐ повеќе и сѐ поразлични задачи, сега вклучувајќи и прикажување јога-вежби, како и самостојно редење коцки по боја.
Описот на видеото нагласува: „Оптимус сега може автономно да ги подели предметите“. Снимката првично ја прикажува способноста на роботот да ги подреди коцките со леснотија и брзина како на човек. А, кога човекот отспротива интервенира за да создаде дополнителна сложеност на задачата, роботот брзо се прилагодува на таа промена и успешно продолжува со задачата. Роботот потоа изведува јога-пози како што се стоење на една нога, рамнотежа, истегнување на екстремитетите и флексибилност.
„Неговата невронска мрежа е целосно обучена од почеток до крај. Придружете ни се за да му помогнеме на Оптимус да расте (и да ја подобри својата јога-рутина)“, се додава во придружниот опис на видеото.
Следачиите се главно воодушевени од можностите на роботот. „Намасте“ (јога-жаргон за „Ти се поклонувам“); „Неверојатен напредок“; „Како инженер, потполно сум воодушевен од сите ситници што треба да бидат и се точни за да се постигне тоа навидум едноставно движење“ - гласат дел од коментарите.
Ново на Сител
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
