Западна Европа го имаше најтоплиот јуни во историјата на мерењата

Западна Европа го имаше најтоплиот јуни откако постојат мерења, соопшти Службата на Европската Унија за климатски промени „Коперник“.
Кон крајот на изминатиот месец регионот беше зафатен од силен топлотен бран што постави температурни рекорди, го наруши снабдувањето со електрична енергија и доведе до затворање училишта.
Според месечниот извештај на „Коперник“ објавен денеска, изминатиот јуни бил втор најтопол месец на глобално ниво откако се вршат мерења, додека температурата на површината на светските мориња го достигнала највисокото ниво за тој месец во историјата на мерењата.
Просечната температура во Западна Европа во јуни изнесувала 20,74 степени Целзиусови, што е за повеќе од три степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.
Според „Коперник“, под Западна Европа се подразбира регионот што ги опфаќа Шпанија и Обединетото Кралство, а се протега кон исток до Италија, Германија и делови од Австрија.
Во последните три месеци регионот беше зафатен од дури три интензивни топлотни бранови, а Шпанија и Португалија и оваа недела повторно се соочуваат со екстремно високи температури.
„Јуни 2026 година покажа колку длабоко се менува климата“, изјави научничката Саманта Бургес од службата „Коперник“. Според неа, последиците се интензивирани топлотни бранови, трајно загреани океани и зголемени ризици за луѓето, еко-системите и инфраструктурата во Европа и во светот.
За време на јунскиот топлотен бран во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавени се повеќе од 4.700 дополнителни смртни случаи , а вкупниот број во другите европски земји веројатно е уште поголем.
Екстремните горештини придонеле и за појава на шумски пожари на Пиринејскиот Полуостров и во Франција, како и за дополнителни продолжени сушни периоди.
Според податоците на Светската метеоролошка организација, емисиите на стакленички гасови, пред се од согорувањето јаглен, нафта и гас, ја зголемиле просечната температура на планетата за околу 1,4 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период во 19 век.
Научниците предупредуваат дека поради глобалното затоплување топлотните бранови денес достигнуваат повисоки температурни екстреми и стануваат почести и поинтензивни.
„Поврзаноста на топлотните бранови и глобалното затоплување е речиси целосно јасна: колку е потопла планетата, толку топлотните бранови ќе бидат почести и посилни“, изјави Џери Рогелј од Империјал колеџот во Лондон.
„Коперник“ наведува дека на глобално ниво рекордно високите температури на морската површина во јуни биле под влијание и на други фактори, меѓу кои и развојот на силниот временски феномен „Ел Нињо“ во Тихиот Океан.
Научниците истакнуваат дека „Ел Нињо“ немал значајна улога во европскиот топлотен бран, но дека климатските промени јасно придонеле за неговиот интензитет.
Службата „Коперник“ ги следи температурните податоци од 1940 година, а ги споредува со глобалните климатски записи што датираат од 1850 година.
Ново на Сител
-

Ставен под контрола пожарот кај Црник
-

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу уапсените е и еден хрватски државјанин
-

Пезешкијан: Меморандумот за разбирање со САД е најдобриот начин да се реши војната
-

Ангелов: Попладнево активни повеќе од 15 пожари, два од нив загрозуваат и населени места
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
