Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија

Соочени со можноста од руска агресија, земјите од НАТО го засилуваат теренското планирање со изготвување на воени карти со правците на можните руски напади, јавија денеска западните медиуми.
Најангажрана во ова е фанцуската армија, која во соработка со романската картографска агенција, изработува тридимензионални мапи за потенцијалните боишта, особено околу Карпатите.
Картите вклучуваат„високи точки“, воено релевантни објекти како водени или црковни кули што можат да служат како ориентација за артилеријата. Исто така се означуваат патеки за техника и структури што не се прикажани на цивилни мапи. Се дознава дека дел од теренот се снима и со дронови и специјализирани возила со лидари,
Истовремено, источните членки на НАТО активно ја зајакнуваат одбраната, бидејќи нивните разузнавачи и воени сили предвидуваат дека Русија би можела да биде подготвена да нападне членки на алијансата за неколку години. Според нив, веројатноста за тоа може да се зголеми доколку се постигне мировен договор во Украина, што би ѝ овозможило на Русија да се пренаоружа и подобро да ја подготви својата армија. Полска, Литванија, Летонија, Естонија и Финска – се подготвуваат да ја напуштат Конвенцијата од Отава за да ги заминираат своите граници кон Русија и Белорусија.
ЕУ веќе одвои 170 милиони евра за заштита на источните граници и 800 милијарди евра за пренаоружување на армиите во регионот.
Ново на Сител
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
