Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата

Шефот на обезбедувањето во швајцарскиот кантон Вале, Стефан Ганцер, денеска изјави дека барот во Кран Монтана каде што избувна пожарот на новогодишната ноќ имал повеќе од еден излез за евакуација, но дека повеќето луѓе во паника не можеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез.
Во несреќата што се случила во популарниот бар, загинаа 40 лица, а 119 лица се повредени, додека точниот број на присутни лица во локалот засега не е познат.
„Повеќето луѓе не ги пронашле излезите за евакуација“, рече Ганцер на прес-конференција.
На прашањето дали некаков вид пена на таванот на барот придонел за ширење на пожарот, тој вели дека истрагата ќе се обиде да утврди дали пената била поставена од безбедносни причини, во согласност со прописите и дали таа била причина за пожарот или не.
„Прерано е да се каже дали била инсталирана според прописите или не“, рече тој.
Швајцарските власти, исто така, се сомневаат дека пожарот е предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ.
МИА
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
