Запленета дрога вредна 600.000 евра
Од Косово пренеле марихуана во Македонија во вредност од 600.000 евра. МВР пресече меѓународен транспорт на дрога. Приведени се шест лица, македонски и косовски државјани. На автопатот „Пријателство” во близина на бензиска пумпа вчера полицијата во две патнички возила запленила околу 200 килограми марихуана.
- Од страна на полициски службеници при извршен преглед на патничко возило „опел зафира“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.П.(51) од Скопје, биле пронајдени патнички куфери во кои имало 55 пакувања марихуана. Истовремено, при контрола на патничко возило „БМВ туран“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(30) од Скопје биле пронајдени црни вреќи со вкупно 116 пакувања марихуана, изјави Сузана Прањиќ Талевска, портпарол на МВР.
Во близина, полициски службеници сопреле и други две патнички возила со струмички и скопски регистрации управувани од скопјани, а во едниот автомобил имало и косовски државјанин. Тие биле ангажирани за да го обезбедуваат транспортот на дрогата.
При претрес во домовите на двајца од приведените биле пронајдени уште 29 пакувања со марихуана, пиштоли, куршуми, но возило БМВ донесено од Косово без соодветна документација.
Против сите 6 лица полицијата поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
