Македонија
9. February 2022 - 16:36
Запленета нелегална марихуана вредна 3.2 милиони евра кај струмичани кои требало да ја одгледуваат за медицински цели
Полицијата заплени дрога вредна 3,2 милиони евра. Во две акции во различни градови полицијата сузби шверц на 1.6 тони дрога. Поголем дел од дрогата е пронајдена во фирма во Струмица која е регистрирана за одгледување на канабис за медицински цели. Запленета е марихуана која фирмата не ја пријавила. Истата била во облик на сув цвет, сув лист и околу 300 кг био маса.
Марихуана вредна 200 000 евра е пронајдена при претрес на возило на патниот правец Охрид Ресен. Во втората акција за сузбивање шверц, Полицијата пронашла три торби тешки околу 50 кг. Дрогата ја пренесувале две лица од Струмица кои по претресот се приведени во полиција.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
