Македонија
2. January 2026 - 16:37
Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
Полицијата заплени 10 килограми кокаин во околината на Скопје. Во акција која во текот на вчерашниот ден била спроведена во координација со Обвинтиелството полицијата запрела БМВ Х5ка на пат во селото Количани. При претрес, дрогата била пронајдена во специјално направен бункер. Приведено е едно 26 годишно лице кое го управувало возилото со скопски регистарски таблички. Министерот за внатрешни работи за Сител вели дека дрогата влегла на Табановце и била наменета за домашниот пазар
Тошковски вели дека е задоволен од стартот на годината
Информацијата ја потврди и обвинителството. Оттаму велат дека веќе побарале 26 годишниот возач да оди во притвор а под сомнение за вмешаност на повеќе лица издадени се серија наредби за истраги и вештачења.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
