Македонија
24. јуни 2025 - 14:13

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро

Полициските службеници од Станицата за граничен надзор „Охридско езеро“ согласно надлежностите по Законот за внатрешна пловидба, Законот за рибарство и аквакултура, изминатите три дена спроведоа засилени контроли во водите на езерото.

Притоа, на околу 1.500 метри од „Еврохотел“ биле пронајдени и одземени четири висечки рибарски мрежи во должина од сто метри со 300 парчиња риба белвица.

Дополнително, во предел обраснат со трска кај струшкото село Калишта пронајден е чамец се две кофи со рибарски мрежи во должина од по 60 метри и друг риболовен алат и прибор.

Пронајдените предмети, по насоки на Јавен обвинител и запознавање на инспектор по рибарство од Државен инспекторат за земјоделие и водостопанство, се подигнати за понатамошна постапка.