Започнува регионалниот проект „Equals“ за бесплатна правна помош
Имотно-правни, семејни и бракоразводни проблеми, постапки за изрекување на мерки при вршење на семејно насилство се само дел дел од барањата на граѓаните за добивање на бесплатна правна помош. Во континуиран пораст е бројот на граѓани кои ја користат бесплатната правна помош.
Бесплатната правна помош ќе им овозможи на ранливите категории на граѓаните да добијат правен совет, подготовка на документи и застапување пред суд без финансиски товар.
Oд Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, потенцираа дека голем дел од семејствата на лицата со попреченост не се добро упатени за остварување на постоечките права.
Минатата 2025 година примарна правна помош користеле 5071 лице, а секундарна правна помош користеле 258 граѓани. Инаку, регионалниот проект насочен кон реформирање и унапредување на системот за бесплатна правна помош ќе се реализира во наредните три години.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
