Loading Video...
Фудбал
10. October 2022 - 15:35

Започнуваме со Малта, а завршуваме со Англија во Скопје

Откако вчера беа извлечени квалификациските групи за следното ЕП а во ждрепката македонска фудбалска репрезентација немаше среќа и се најде во можеби најсилната група, УЕФА го потврди и распоредот на натпреварите 
 
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Ц групата во квалификациите за Европскиот шампионат што во 2024 година ќе е одржува во Германија. 
 
Финалистите од последното ЕП, актуелниот шампион Италија и вице-првакот Англија, заедно со Украина против која игравме на својот дебитантски настап на ЕП, како и селекцијата на Малта се нашите противници во Ц групата.
 
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
ГРУПА  Ц
23 МАРТ МАКЕДОНИЈА – МАЛТА
16 ЈУНИ МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА
19 ЈУНИ АНГЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
09 СЕПТЕМВРИ МАКЕДОНИЈА – ИТАЛИЈА
12 СЕПТЕМВРИ МАЛТА – МАКЕДОНИЈА
14 ОКТОМВРИ УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА
17 НОЕМВРИ ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА
20 НОЕМВРИ МАКЕДОНИЈА – АНГЛИЈА