Заразени патници од смртоносниот хантавирус на крузер пристигнуваат во Европа

Најмалку седум лица од бродот се заразени и три лица починати. Меѓу заболените и евакуираните е и Британецот Мартон Ансти, кој изјавил дека е во карантин и дека лекарите наскоро ќе имаат појасна слика за неговата состојба.
Стјуардеса на холандската авиокомпанија КЛМ од Харлем е хоспитализирана поради можна инфекција со смртоносниот вирус, откако била во контакт со 69-годишна Холанѓанка, која подоцна починала.
По избувнувањето на заразата на крузерот, првиот швајцарски државјанин бил тестиран позитивно на вирусот и веднаш изолиран. Повеќе лица од различни делови на светот, исто така, покажале симптоми на хантавирус.
Светската здравствена организација трага и по патниците од летот „Ерлинк 4З132“, кој на 25 април летал од Света Елена кон Јужна Африка. На тој лет била и Холанѓанката која подоцна починала.
Според Асошиејтед прес, аргентинските власти претпоставуваат дека холандска брачна двојка најверојатно се заразила при набљудување птици во Ушуаја. За време на турата, тие наводно посетиле и депонија каде што можеби дошле во контакт со глодари.
Состојбата со патниците по напуштањето на бродот останува нејасна. Холандските власти денеска соопштиле дека околу 40 патници се симнале од бродот на островот Света Елена во јужниот Атлантик.
Ново на Сител
-

Забрани за казина на 500 метри од училишта и рекламирање, следни се брзите кредити
-

ГОБ 8-ми Септември со реновиран оперативен блок – за пациентите достапен за два месеци
-

Волк или куче - што беше заловено во Козле ќе покажат анализите на АХВ
-

Ново судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Пуштени во употреба новите реконструирани сали за операција во ГОБ „8 Септември“
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
