Македонија
10. January 2021 - 16:36

Заштитата на статусот од Унеско клучен за развојот на туризмот во Охрид

Развојот и иднината на Охрид како туристичка дестинација е поврзан со статусот град на Унеско.

Останувањето на листата на светско природно и културно наследство под Унеско е од големо значење за Охрид бидејќи од тоа зависи развојот и иднината на градот како туристичка дестинација. 

Од Националниот парк Галичица посочуваат дека сите дивоизградени објекти кои се наоѓаат во строго заштитениот појас и негативно влијаат врз природните процеси и зачувувањето на светското наследство мора да бидат приоритет и што поскоро да се урнат.

Крајбрежјето на Охридското езеро со години е атрактивна локација. Првите обиди за изградба на викенд куќи се направени 70-тите години и покрај тоа што биле урнати, оттогаш па навака постојано никнуваат нови нелегални објекти.

Со оглед на тоа дека извештајот на Унеско содржи остри критики за односот на нашето општество кон заштитеното наследство невладините коментираат дека охридскиот регион најверојатно ќе се најде на листата на загрозени подрачја.

Добрите познавачи пак велат дека примерот со Дрезден, а и огромната деградација, особено во поглед на урбанизацијата, служи како потсетување дека овој статус не е вечен и дека доколку не се почитуваат стандардите, може и да се изгуби.