Македонија
28. August 2020 - 16:42

Затворен пунктот за тестирање во Струмица кој беше сместен во станбена зграда

Пунктот за тестирање од корона вирус во Струмица ќе биде преместен на друга локација. Брисевите повеќе нема да се земаат во објектот сместен на приземјето од станбена зграда каде  изминатите седум месеци се вршење тестирањето, туку во други простории кои се наоѓаат  во кругот на старата општа болница. Ваквата одлука доаѓа по реакциите од страна на дел од граѓаните кои живеат во непосредна близина. Својата загриженост за нивното здравје тие ја изразиле и преку петиција доставена до центарот за јавно здравје. Директорот на центарот ја потврди информацијата. Според него и покрај тоа што претходната  локација била според сите предвидени протоколи и не претставувала никаква опасност за ширење на заразата тие сепак одлучиче да излезат во пресрет на станарите од згрдата и да направат дислокација на пунктот. Дел од граѓаните сметаат дека локацијата не е  толку голем проблем, туку бројот на пунктови за тестирање, според нив за овој регион треба да ги има повеќе.

Промената на просториите нема да значи прекин на потребните тестирања. Директорот на центарот за јавно здравје информираше дека сите тестирања закажани преку матични лекари или по епидемиолошки индикации продолжуваат да се вршат континуирано.