Македонија
21. January 2026 - 9:53

Затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица поради снег, забрана за камиони на Плетвар

 Од 9.16 часот целосно е затворен сообраќајот на наплатната станица Отовица на патниот правец Велес - Скопје поради расчистување на снегот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Забраната важи за сите видови возила. Дополнително, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар.

АМСМ апелира возачите да ја следат состојбата на патиштата и да ги почитуваат привремените сообраќајни мерки. 

МИА