Затворени избирачки места во Србија, гласањето го одбележаа и наводи за нерегуларности

Избирачките места во Србија за вонредните парламентарни, покраински и локални избори беа затворени вечерва во 20 часот, а изборниот ден беше одбележан со меѓусебни обвинувања за бројни нерегуларности од страна на учесниците на изборите.
Претставниците на опозициските листи изјавија дека граѓаните на Република Српска со организирани автобуси биле донесени во белградската Штарк Арена, од каде потоа биле однесени на избирачките места каде што гласале. Претставниците на Републичката изборна комисија (РИК) и премиерката Ана Брнабиќ изјавија дека се државјани на Србија, кои се запишани во избирачкиот список.
Коалицијата „Србија против насилство“ на социјалните мрежи објави снимка од средба со претставници на Министерството за внатрешни работи во врска со можна реакција на резултатите, при што еден од присутните „ја пренесе пораката на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека ќе ги признае изборните резултати во Белград доколку победи опозицијата“.
Невладините организации и набљудувачите на изборите констатираа дека се забележани и бројни други нерегуларности, како што е „бугарскиот воз“, водење паралелни листи, можно купување гласови, јави Бета.
Набљудувачи на организацијата Црта биле нападнати во Оџаци на кои непознати лица им ги скршиле стаклата на автомобилот откако забележале наводно вадење на гласачки ливчиња од избирачкото место и однесени во партиските простории.
Републичката изборна комисија соопшти дека до 18 часот гласале 51,93 отсто од граѓаните, од оние со право на глас.
Ново на Сител
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
-

На ГП „Богородица“ и „Дојран“ се чека околу 40 минути за излез од државава
-

Националното разузнавање на САД објави тајни документи за Ковид-19: Народот заслужува да ја знае вистината
-

Денеска попладне во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста
-

Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција
-

САД и Иран ги продолжуваат мировните преговори во Швајцарија
-

Tоварен воз падна од мост во Минхен
