Заврши руско-белоруската воена вежба на нуклеарните сили

Армијата на Русија и на Белорусија денеска ја одржаа завршната воена вежба на нуклеарните сили, а рускиот претседател Владимир Путин заедно со белорускиот колега Александар Лукашенко ги следеше маневрите од својот кабинет во Москва.
Путин истакна дека задачите на заедничките руско-белоруски вежби фокусирани на нуклеарно оружје се „целосно исполнети“. Тој најави дека Русија ќе продолжи да ги модернизира Стратешките ракетни сили (СРФ) со воведување нови ракетни комплекси со стационарни и мобилни бази, и оти ќе продолжи да воведува нови нуклеарни подморници, како и нови и модернизирани стратешки бомбардери.
Лукашенко посочи дека нема да дозволи Белорусија да биде вовлечена во војната во Украина, но оти Москва и Минск заедно ќе се бранат во случај на агресија.
Камиони со интерконтинентални балистички ракети се движеа по шумски патишта, нуклеарни подморници испловија од арктичките и тихоокеанските пристаништа, а екипажите се качија на воени авиони. За време на вежбите беа лансирани интерконтинентална балистичка ракета Јарс и хиперсонична ракета Циркон како дел од тестовите на стратешките сили.
Во вежбата учествуваа 64.000 војници, над 200 ракетни лансери, повеќе од 140 авиони, 73 воени бродови и 13 подморници, од кои осум вооружени со интерконтинентални балистички ракети со нуклеарни глави. Во фокусот на вежбата беа подготовка и употреба на нуклеарни сили под закана од агресија, соопшти руското Министерство за одбрана,
Тридневната вежба почна во вторникот и покрај зголемениот број украински напади со дронови.
Путин во 2024 година ја одобри ревидираната нуклеарна доктрина, според која секој конвенционален напад од некоја држава врз Русија, поддржан од нуклеарна сила се смета за заеднички напад од таа држава и таа сила. Заканата очигледно имаше за цел да го обесхрабри Западот да и дозволи Украина да ја нападне Русија со западно оружје со поголем дострел.
Со ревидираната доктрина Белорусија е ставена под „руски нуклеарен чадор“. Путин изјави дека Москва ќе ја задржи контролата над своето нуклеарно оружје распоредено во Белорусија, но ќе му дозволи на Минск да ги избира целите во случај на конфликт.
Во Белорусија лоциран е руски арсенал, вклучително и најновиот ракетен систем со среден дострел Орешник, кој може да носи и нуклеарно оружје.
Ново на Сител
-

Тошковски најави мобилни камери и контроли на сообраќајните црни точки низ државата
-

Финска нуди бесплатно патување на 16 мажи и жени од целиот свет со сите платени трошоци и состанок на слепо
-

„Лајка“ со зголемен обем на работа, 52 отсто повеќе заловени кучиња во првите десет месеци од годината
-

Бугарија: Најмалку 11 загинати и десетици повредени во верижните сообраќајки со над 70 возила
-

Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
-

Унгарскиот премиер потврди дека братот на Виктор Орбан е приведен
-

Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, велат од ЦУК
-

Трагедија во Бугарија: Најмалку петмина загинати во верижен судир на 50 возила поради густа магла
