Македонија
10. јуни 2025 - 16:40

Заврши учебната година - Учениците на летен распуст

Заврши учебната година за основците и средношколците. На летен распуст ќе бидат до 31. август.  Најмладите веќе имаат скроено планови како ќе го минат летото. 

Матурантите не можат се уште целосно да се релаксираат, бидејќи утре го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот испит по мајчин јазик го полагаа на 11 јуни. На жешкото столче седнаа 15.000 матуранти, а десеттина беа фатени како препишуваат со мобилни телефони.