Македонија
9. јуни 2025 - 13:31

Завршни зборови на судењето за убиството на Вања и Панче

Со завршни зборови на обвинителството, скопскиот Кривичен суд денеска продолжи судењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На изминатото рочиште заврши доказната постапка од судењето кое започна во септември минатата година. 

На судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа сослушани повеќе лица, вклучувајќи ги семејствата на жртвите, службени лица, инспектори, познаници и соработници на обвинетиот Љупчо Палевски.

Обвинителството изведе и материјални докази, како видео-снимки, електронска комуникација и предмети собрани од местото на настаните. Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.