Македонија
23. December 2025 - 16:27

Завршни зборови за сообраќајката зад Влада, пресудата во понеделник

Во понеделник на 29 декември, обвинетиот Фатон Љури ќе ја слушне пресудата за сообраќајката зад влада во која на пешачка патека загина 68 годишниот Југослав Николовски. На денешното рочиште за завршни зборови, обвинителството го повика судот да примени заострена казнена политика при одредување на казната, бидејќи се почесто се случувале сообраќајки со жртви.

Очекуваме санкција преку која сторителот ќе ја почувствува последицата што ја предизвикал и ќе влијае превентивно кај другите учесници во сообраќајот, рече во судницата обвинителката Марија Џабирева Велков.

Обвинетиот Фатон Љури во јули годинава движејќи се со мотор по пешачката патека зад владата удри во Николовски, познат меѓу соседите како дедо Југо кој почина по здобиените повреди. Љури го призна делото, рече дека се кае за стореното, заради што неговиот адвокат побара поблага казна.

Роднините на починатиот очекуваат казна во која судот ќе цени дека обвинетиот возел по пешачка патека и без возачка дозвола.