Зеленилото придонесува за посилни коски кај децата
Садењето повеќе зелени површини за децата значи посилно психо-физичко здравје. Ново истражување, пак, објавено во списанието „ЈАМА Нетворк опен“ (JAMA Network Open), посочува дека зеленилото придонесува и за поголема јачина на коските, а тоа значи и поголема отпорност на фрактури и остеопороза во подоцнежната возраст.
Густината на коските кај децата на возраст од четири до шест години била мерена со ултразвук. Научниот труд опфатил повеќе од 300 деца во областа Фландрија во Белгија, од урбани, приградски и рурални области.
Јачината на коските се зголемува во текот на детството и адолесценцијата, а по 50-тата година од животот, таа почнува да се намалува. При истражувањето, предвид биле земени возраста на детето, тежината, висината, етничкото потекло и степенот на образование на мајката. Така, децата со 20 – 25 отсто зелени површини над просекот, на 1.000 метри од нивниот дом имаат 66 отсто помала опасност за ниска густина на коските.
Испитувањата не откриле разлика меѓу момчињата и девојчињата.
Од друга страна, пак, две други неодамнешни испитувања за густината на коските кај возрасните и поврзаноста со зелените површини како фактор, даваат противречни резултати. Анализата на 66.000 луѓе во Југозападна Кина открива значајна позитивна врска меѓу зеленилото и густината и јачината на коските. Но, проучувањето на 4.000 луѓе на возраст над 65 години во Хонг Конг не нашло убедлива поврзаност, пишува „Гардијан“, можеби затоа што Хонг Конг е многу густо населен град со малку зелени површини.
Ново на Сител
-

Лазаров го објави поширокиот список за баражот за СП 2027
-

Лавров: Долгорочно решение за Украина невозможно без решавање на основните причини за кризата
-

Според најнов извештај на Репортери без граници, Србија најлошо рангирана во регионот
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради протест
-

„Си-Ен-Ен“: Според нецелосните проценки на Пентагон, војната против Иран досега чини околу 25 милијарди долари
-

Искршени врати, компјутери, смарт табли - Вандализирано ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, над 1.100 ученици нема да имаат настава
-

Вандализам е причината за немање на настава во најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“
-

Астероид именуван по папата Лав XIII
