Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен

Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е целосно подготвен и Киев чека време и место за негово потпишување, изјави денеска во Вилнус украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„За нас, безбедносните гаранции се, пред сè, безбедносни гаранции од Соединетите Американски Држави. Документот е 100 проценти подготвен и чекаме нашите партнери да го потврдат датумот и местото кога ќе го потпишеме“, изјави Зеленски пред новинарите за време на официјалната посета на Литванија.
Тој додаде дека по потпишувањето, документот ќе биде испратен до американскиот Конгрес и украинскиот Парламент за ратификација.
Зеленски денеска со литванскиот претседател Гитанас Науседа разговараше за поддршката на украинскиот енергетски систем и воената соработка меѓу двете земји.
На состанокот се разговарало и за заедничките одбранбени проекти и предлозите на Литванија за отворање платформа за извоз на оружје во Вилнус. Зеленски, исто така, рече дека го информирал Науседа за состаноците на украинската, американската и руската делегација во Абу Даби.
„Украина, како и секогаш, прави сè што е можно од своја страна за да ја заврши војната“, рече Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

До сабота облачно и потопло, за викендот дожд и снег
-

Кочанчанец со возило излетал од патот, повредени 5 малолетници
-

Полицајка од Штип оддавала тајни на нејзиниот брат за полициска акција со дрон
-

Кавадарчанка измамена преку СМС за лажен сообраќаен прекршок, и наплатиле близу 500 евра
-

Трамп: Одборот за мир би можел да стане едно од највлијателните тела некогаш основани
-

Владина делегација на форумот во Давос
-

СДСМ: Новиот телекомуникациски оператор ќе ја загрози независноста на Македонија
-

Трамп ги спаси европските лидери од носење тешки одлуки, оценуваат бриселските медиуми
