Зеленски: Датумот или локацијата на новата рунда мировни преговори би можеле да бидат променети

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека датумот или местото на одржување на следната рунда преговори меѓу Украина и Русија, со посредство на САД, за ставање крај на војната во Украина, би можеле да бидат променети, соопшти денеска кабинетот на Зеленски.
– Датумот или локацијата можат да се променат бидејќи, според наше мислење, нешто се случува во ситуацијата меѓу Соединетите Држави и Иран. И тој развој на настаните веројатно би можел да влијае на времето на состанокот, рече Зеленски.
Новата рунда преговори, според најавите, требаше да се одржи во Абу Даби в недела, но Зеленски рече дека не знае кога ќе се одржи следниот состанок.
– Многу ни е важно сите со кои се договоривме да бидат присутни на состанокот, бидејќи сите очекуваат повратни информации, рече Зеленски.
Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека главните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои присуствуваа на претходната рунда преговори, нема да учествуваат на состанокот во Абу Даби кој е планиран за викендов.
Во врска со европските интеграции, Зеленски рече дека Украина ќе биде технички подготвена да се приклучи на Европската унија во 2027 година, додавајќи дека обезбедувањето „брз“ пристап во Унијата е важен дел од безбедносните гаранции откако ќе заврши војната со Русија. Зеленски рече дека до крајот на 2026 година Украина ќе ги спроведе главните чекори потребни за членство во ЕУ. Тој истакна дека украинската влада е посветена на неопходните реформи.
Во Абу Даби на 23 и 24 јануари беше одржан трилатерален состанок за постигнување мировно решение за Украина на кој учествуваа украинска, руска и американска делегација, и тоа беше прво директно соочување на делегациите на Украина и Русија. Трилатералните разговори во Абу Даби го отворија патот за средба на рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, во многу блиска иднина, пренесе американскиот портал Аксиос, повикувајќи се на изјава на американски функционер.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
