Зеленски: Договорите за противвоздушната одбрана постигнати со Трамп мора целосно да се спроведат

Рускиот напад врз украинските енергетски објекти во текот на ноќта покажува дека договорите за противвоздушната одбрана постигнати со американскиот претседател Доналд Трамп во Давос оваа недела мора целосно да се спроведат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски и Трамп се сретнаа завчера на маргините на Светскиот економски форум, каде што разговараа за поддршката на воздушната одбрана на Украина, без да прецизираат какви конкретни договори се постигнати.
Во меѓувреме, вчера се одржа првата рунда преговори меѓу Русија, Украина и САД во Абу Даби. Според главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, разговорите се фокусирале „на условите за завршување на војната што ги постави Русија и на логичните следни чекори во процесот на преговори насочени кон достоинствен и траен мир“.
MИА
Ново на Сител
-

Фидоски положи свечена заклетва
-

Седум и пол години затвор за обид за убиство на бабата и шурата
-

Охрид ја засилува патролата
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
