Зеленски: Главна тема на разговорот со Трамп беше испораката на американски ПВО системи Патриот
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес за време на заедничката прес-конференција со полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека главните теми на разговор со американскиот претседател Доналд Трамп биле испораката на американските системи за воздушна одбрана „Патриот“, зајакнувањето на санитарниот режим и економската соработка врз основа на потпишаниот договор за минерални ресурси.
„Разговаравме за сите прашања, но првенствено за системите за воздушна одбрана „Патриот“ што ни се потребни за да го заштитиме украинското небо. Разговаравме за нашите билатерални односи по потпишувањето на договорот за минерални ресурси. Значи, спектарот на теми беше широк“, рече Зеленски, пренесува агенцијата „Укринформ“.
Зеленски, исто така, потврди дека новоизбраниот претседател на Полска, Карол Навроцки, ќе добие покана да ја посети Украина.
Ново на Сител
-
Мицкоски: 24 години по рамковниот – заедно сме посилни
-
Активни три пожари на отворено во Македонија
-
Со новата методологија за финансирање на основното и средното образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен