Зеленски ја прифати помошта од ЕУ за нафтоводот „Дружба“

Украина ја прифати понудата на Европска Унија за техничка помош и финансирање за враќање на снабдувањето преку оштетениот нафтовод „Дружба“, но исто така нагласи дека ќе бидат потребни недели за да продолжи снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка, наведе украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Зеленски во писмото истакнува дека ремонтот на нафтоводот „Дружба“ е во завршна фаза и се очекува пумпната станица да почне со работа за 1,5 месец, ако „нема понатамошни напади од страна на Русија“.
– Снабдувањето со руска нафта на Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“ е прекинато од крајот на јануари откако Киев соопшти дека при руски напад со дрон е оштетен нафтоводот во западна Украина.
Унгарија и Словачка ја обвинуваат Украина дека намерно го пролонгира ремонтот на нафтоводот „Дружба“ за одложување на продолжувањето на снабдувањето со нафта. Зеленски во писмото ги негира тврдењата на Будимпешта и Братислава.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
-

Бела прашкаста материја и марихуана пронајдени во испратен пакет за осуденик од КПУ „Идризово“
-

ЧетГПТ помогнал во создавање револуционерен третман за рак
