Зеленски: Како одговор на предлогот за прекин на огнот, Русија продолжи со нападите врз цивилни цели
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека за време на вчерашниот состанок во Истанбул, повторно е испратено барање до Русија за итно и целосно прекинување на огнот, но дека руската страна одговорила со продолжување на нападите врз украинските градови.
Според украинскиот лидер, руските дронови погодиле станбени згради и пазарот Привоз во Одеса, додека станбените згради во градот Черкаси и енергетската инфраструктура во Харковскиот регион исто така биле цел на нападите.
Зеленски изјави на „X“ дека за време на нападот врз Украина биле употребени 103 дронови за напад и четири ракети, додека биле погодени и регионите Донецк, Суми и Николаев.
Три лица се убиени во Харковскиот регион, додека деветгодишно дете е повредено во градот Черкаси. Повеќе од десет лица се повредени во нападите.
- Русија продолжува со својот терор и ја попречува дипломатијата. Оваа војна мора да ја заврши Русија, која ја започна агресијата, рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина нема да ги запре своите напори за обезбедување дипломатски решенија, но дека Русија мора да биде одговорна за своите постапки.
Зеленски повика на дополнителни санкции врз Русија и зголемени напади врз нејзините логистички и воени цели, вклучувајќи ги базите и воените објекти.
Според претседателот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер руски дрон удрил точно во средината на Приморскиот булевар, кој е визит-карта на Одеса, омилено место за прошетки и за жителите на Одеса и за туристите и е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО. „Прозорци на историски згради беа скршени, фасади беа оштетени, фенери и клупи беа искршени“, се вели во пораката на Кипер.
Штета е предизвикана на уште едно историско место – пазарот „Привоз“ во Одеса, кој е еден од симболите на градот, познат по својата атмосфера, колорит и богат асортиман на стоки, информираше регионалниот гувернер.
Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов изјави дека се оштетени цивилната инфраструктура, станбените згради и објектите во зоната на УНЕСКО.
- Надлежните служби работеа цела ноќ за да ги изгаснат пожарите што избувнаа. Во моментов, општинските претпријатија и единиците на градското собрание учествуваат во елиминирањето на последиците од нападите. Оперативните штабови се распоредени на лице место, објави Труханов ма аликацијата Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево
-
Се претставил како дипломат на ГП „Табановце“, приведени две лица за фалсификување исправа | ФОТО
-
Активни пожарите на Готен и во малешевијата, на Бешешки рид и уште четири други