Зеленски: Мора да извршиме притисок врз Русија - Путин не разбира ништо друго освен сила и притисок
Украина мора да премине од дефанзива против руските напади во офанзива за да „izврши притисок врз Русија“, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во четврток.
-Оваа војна мора да заврши и ние мора да извршиме притисок врз Русија, рече тој во своето вечерно видео обраќање.
„Рускиот претседател Владимир Путин „не разбира ништо друго освен сила и притисок“, додаде тој.
Коментарите на Зеленски доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп, кој се стреми да ја заврши војната, објави на својата мрежа Truth Social дека „е многу тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без да се нападне земјата на агресорот“.
Киев минатата година започна голема изненадувачка контраофанзива во рускиот регион Курск, но нападот не успеа поради длабоко вкоренетата руска одбрана.
Во последните денови, украинските сили започнаа контранапад, вклучително и еден во североисточниот регион Суми и во близина на градот Покровск, со што центарот на Доњецк повторно стана сцена на жестоки борби меѓу руските и украинските сили.
До синоќа Генералштабот на украинските сили во Киев пријави вкупно 24 воени судири.
„Меѓутоа, овој пат не Русите, туку Украинците ја започнаа офанзивата“, напиша началникот на Генералштабот Олександр Сирски на Телеграм, додавајќи дека шест населби се повторно освоени.
„И покрај бројната супериорност на непријателот, единиците на вооружените сили и Националната гарда на Украина ги извршуваат своите задачи чесно“, напиша тој.
„Како резултат на успешните напади и извидувачки операции, шест градови беа исчистени, а стотици руски окупатори беа елиминирани.“
Оваа информација не можеше да се потврди независно.
Пред неколку дена, украинската армија ги утврди своите трупи околу Покровск за да го запре напредувањето на руските единици. Градот веќе е во голема мера уништен во месеци жестоки борби.
-Заедно со воените операции, Украина сè уште сака да преговара и да постигне мир, рече Зеленски.
Военото раководство е во контакт со странски партнери за да работи на воените компоненти на безбедносните гаранции за Украина.
Европските партнери сакаат да ја осигураат безбедноста на Украина со присуство на своите војски по постигнувањето на мировен договор, но Русија има различни предлози.
Според шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, постојаните членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија, треба да бидат гаранти на мирот. Бидејќи Русија може да го блокира испраќањето трупи во секое време во тој сценарио, Киев не сака да ја разгледа оваа опција.
МИА
Ново на Сител
-
Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици
-
Осум активни пожари низ државата
-
Дрон уништи конвој на ОН со храна за гладните во Дарфур
-
Без вода дел од општина Центар
-
Поради технички зафати без струја неколку улици во Бутел, Центар и Аеродром
-
Променливо облачно и ветровито со локален дожд и грмежи
-
Ангелов: Силниот ветер ја влоши состојбата со пожарот во „Јасен“, но не се повлековме и ги сопревме пламените јазици
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе ги отвори 64. Струшки вечери на поезијата