Зеленски му се закани на Лукешенко: Имате една недела или ќе преземеме акција

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Белорусија за помагање на руските напади со беспилотни летала врз Украина и го предупреди Минск дека има рок од една недела да ја отстрани комуникациската опрема за која Киев тврди дека помага во водењето на нападите од белоруска територија.
Во спротивно, Украина ќе преземе акција против Белорусија.
Зборувајќи на заедничка прес-конференција во Киев со претседателот на Хондурас Насри Асфур, Зеленски го критикуваше белорускиот претседател Александар Лукашенко дека и покрај неговите постојани тврдења оти Минск не сака да биде вовлечен во војна, сè уште ја помага воената кампања на Русија.
-Кога Лукашенко вели дека не сака да учествува во војна, треба да биде искрен, барем со својот народ. Не само што тој може да биде вовлечен во војна, туку целата негова земја може да биде вовлечена во неа поради Русија, рече Зеленски.
Украинскиот претседател смета дека Русија ја користи белоруската територија уште од првите денови од инвазијата врз Украина и дека од Белорусија се лансираат ракети кон цели во Украина.
-Една недела е повеќе од доволно време белоруските власти да ја отстранат спорната опрема. Нашите цивили умираат секој ден поради ова. Ако тој не го стори тоа, ние ќе го сториме, предупреди Зеленски.
Изјавите претставуваат едно од најстрогите јавни предупредувања што Киев ги упати до Минск од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Порано оваа недела, Зеленски рече дека Русија сè уште бара начини да ја вовлече Белорусија подлабоко во конфликтот, потенцијално како дел од поширока стратегија за притисок врз источниот крило на НАТО.
Лукашенко во вторникот изјави дека Белорусија не претставува воена закана за Украина и му се извини на Зеленски за претходните остри забелешки. Тој рече дека неговите зборови се одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучително и тврдења дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и знаел каде е тој.
-Доколку Володимир бил навреден од тие зборови, му се извинувам за тие зборови, нагласи Лукашенко.
МИА
Ново на Сител
-

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“
-

Уапсен 20-годишник од Жировница, при претрес пронајдена прашкаста материја
-

Ангелов: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
