Зеленски најави дополнителни напади врз цели длабоко на руска територија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во своето редовно вечерно видеообраќање изјави дека Киев планира да продолжи со напади врз цели длабоко на територијата на Русија.
Зеленски посочи дека таквите операции имаат цел да и покажат на Москва дека „ќе мора да плати за војната преку загубите што ги трпи“. Тој додаде дека главна цел останува руската нафтена индустрија, со намера да се намалат приходите на Русија од извоз на енергенси.
Во последните недели украинскиот претседател објавува видеа и фотографии од напади врз објекти на руска територија.
Руските власти тврдат дека во тие напади страдаат цивили и се нанесуваат штети врз цивилна инфраструктура.
Москва ја обвини Украина за напад врз студентски дом во градот Старобелск во делот на Луганск што е под руска контрола, при што според последните податоци загинале 21 лице, меѓу кои и малолетни девојчиња.
Генералштабот на украинската армија соопшти дека целта на нападот бил команден центар за дронови.
Претседателот Владимир Путин нареди одмазднички мерки, по што руските сили изведоа масовен напад врз Украина, вклучително и употреба на балистичка ракета со среден дострел од типот „Орешник“.
Руското Министерство за надворешни работи ги повика странските државјани да ја напуштат Киев, предупредувајќи за можни нови напади врз објекти на украинската одбранбена индустрија, како одговор на настаните во Старобелск.
МИА
Ново на Сител
-

Нов клинички кај ГОБ “8 Септември”, а Медицинскиот факултет останува на сегашната локација
-

Владата најави мерки за граѓаните од следниот месец, ако цените продолжат да растат
-

Законот за заштита од пушење на цигари веќе е во собраниска процедура
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
