Зеленски очекува наскоро да се разјасни какви безбедносни гаранции ѝ се нудат на Украина
Украина ќе одржи интензивни состаноци за да разбере какви безбедносни гаранции се подготвени да обезбедат нејзините сојузници откако доби сигнали дека САД ќе поддржат дискусии насочени кон прекин на војната меѓу Русија и Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Деталите се разработуваат меѓу советниците за национална безбедност и воените претставници, а Зеленски верува дека ќе има повеќе информации во рок од 10 дена. Потоа очекува да биде подготвен да одржи директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин, за првпат од почетокот на инвазијата.
Разговорите би можеле да се одржат и во трилатерален формат заедно со американскиот претседател Доналд Трамп, рече Зеленски.
- Сакаме да ја разбереме архитектурата на безбедносните гаранции во рок од седум до десет дена. И врз основа на тоа разбирање, имаме за цел да одржиме трилатерален состанок. Тоа беше мојата логика, им рече Зеленски на новинарите по патувањето во Вашингтон со европски претставници.
Тој додаде дека рамката на безбедносните гаранции е блиска до Член 5 – заедничка одбранбена гаранција на НАТО, според кој нападот врз една членка се смета за напад врз сите нив.
Се разгледува можноста состанокот да се одржи во Швајцарија, Австрија или Турција, додаде Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-
Влада: Успешно завршени три од осум арбитражни постапки
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот