Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во Киев се сретнал со рускиот олигарх Роман Абрамович, кој му предложил да ја пренесе неговата порака за мировни преговори до Кремљ. Притоа, шефот на државата нагласил дека неговата влада нема да се откаже од Донбас.
Зеленски ова го изјави синоќа во Лондон за британската телевизија „Скај Њуз“. Ова е прва потврда дека рускиот милијардер патувал во украинската престолнина и дека до одреден степен учествува во преговорите.
-Абрамович дојде во Киев и рече: ’Ве информирам директно. Сакам да земам порака од вас и да му ја пренесам на Владимир Путин‘. Но, додаде дека тоа треба да се направи тивко, без никакви јавни пораки – изјави украинскиот претседател.
Зеленски додаде дека средбата „не била тајна“, забележувајќи дека Русите сакаат да знаат што е подготвен да направи Киев.
-Реков дека прашањето не е до нас. Вие се борите против нас на наша територија. Му кажав за Донбас и тоа беше клучната порака. Му реков дека нема да заминеме и нема да се повлечеме од нашата територија. Не, нема да ви дадеме победа на тој начин. И вие нема да ја добиете – нагласи Зеленски.
Абрамович – поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб „Челси“ – е меѓу санкционираните лица по руската инвазија врз Украина во 2022 година. Тој одигра важна улога во неуспешните преговори за прекин на борбите во првите недели по инвазијата, како и во договорот за гарантирање на транспортот на жито преку Црното Море, но оттогаш неговото присуство е помалку забележливо.
Путин јасно стави до знаење дека Русија не е подготвена да ги запре борбите во Украина додека Киев не се повлече од Донбас – регион што ги опфаќа Доњецката и Луганската област. Украинските сили контролираат околу една петтина од Доњецката област, а Зеленски порача дека нема да ја напушти таа територија и десетиците илјади Украинци кои живеат таму.
Украинскиот претседател уште еднаш ја исклучи можноста за средба со Путин во Русија или во Белорусија. Тој изјави дека би прифатил прекин на борбите на сегашната фронтовска линија како најбрз начин за продолжување на преговорите, но нагласи дека тоа не значи откажување од територијата.
„Да, тоа е најбрзиот начин. Ние, сепак, сакаме да ја запреме војната на начин на кој таа нема повторно да почне. Идејата не е едноставно да се замрзнат борбите, туку најбрзиот начин е да ги замрзнеме и да преминеме на дипломатскиот фронт“, додаде Зеленски.
МИА
Ново на Сител
-

Украински напад врз магацин во Санкт Петерсбург, предизвикан голем пожар
-

САД и ноќеска извршија напади врз цели во Иран, Техеран соопшти за експлозии во повеќе региони
-

Почна трката за генерален секретар на ОН, шест кандидати дебатираа пред Генералното собрание
-

Арагчи: Опасен преседан најавите на Трамп за користење запленети ирански средства
-

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Тошковски: Одговорност ќе се побара од секој кој со извршување или неизвршување бил вклучен го загадувањето на водата во Гостивар
-

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел
-

Приведен возач-почетник, возел двојно над дозволената брзина на автопат со 211 км/чaс | ФОТО
