Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повтори дека Украина сака да се приклучи кон НАТО, нагласувајќи дека членството во алијансата претставува една од „најочигледните“ гаранции за безбедноста на земјата.
Прашањето за интеграцијата на Украина во НАТО повторно се актуелизираше последните денови во услови на тековни преговори за ставање крај на речиси петгодишната инвазија на Русија, забележуваат агенциите.
Пред неколку дена, за време на состанокот во Берлин со сојузниците на Киев, американскиот претставник Џаред Кушнер истакна дека САД можеби се подготвени да ѝ обезбедат на Украина „безбедносна гаранција слична на таа предвидена во член 5“ од Северноатлантскиот договор.
Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така присутен во Берлин, повика на продолжување на дебатата за пристапувањето на Украина во НАТО. Елисејската палата вчера соопшти дека давањето заштита според член 5 де факто би значело вклучување на Украина во алијансата.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова за Денот на албанската азбука: Единството нема да ги негира, туку ќе ги респектира различностите
-

Мицкоски: „One Stop Shop“ системот ќе го олесни транспортот и ќе ги доближи Македонија и Албанија
-

Руските загуби во Украина се неодржливи, се приближуваат до размери од Втората светска војна
-

Неуспешен обид за средба Трамп – Ким: Северна Кореја поставила неприфатливи услови
-

Пронајдено тело на шестгодишно дете кое паднало во реката Рибница во Подгорица
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, од понеделник заладување
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
