Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска преку конференциска врска се обрати на годишната средба на Парламентарното собрание на НАТО и побара земјата да стане членка.
– Членството на Украина во НАТО би било подобро решение за европската безбедност отколку на Киев да му се дадат безбедносни гаранции, моделирани според клаузулата за заемна одбрана содржана во членот 5 од Северноатлантскиот договор. Зар не би било поефективно едноставно да се прими Украина во НАТО? Зар тоа не би било подобро за сите нас, поевтино за спроведување и посигурно во однос на вистинското гарантирање на безбедноста? – праша Зеленски.
Претходно, денеска, американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер изјави дека претседателот Доналд Трамп е подготвен да поддржи безбедносни гаранции за Украина по примерот на член 5 на НАТО, но само ако тоа им служи на американските интереси.
Зеленски не го одби, директно, предлогот на Кушнер, но постави неколку прашања.
Кои земји ќе ја поддржат Украина доколку таа повторно биде нападната? Што точно ќе направат нашите партнери како одговор? Кои трупи ќе бидат однапред распоредени на наша територија? Колку ќе чини сето ова?, праша Зеленски.
Според него, Европа би била побезбедна доколку Украина стане членка на НАТО. Русија категорично се спротивставува на пристапувањето на Украина во НАТО, како и на обезбедувањето безбедносни гаранции кои би вклучувале распоредување западни трупи во Украина.
МИА
Ново на Сител
-

Модернизација и дигитализација на земјоделското производство
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор за безбедност
-

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје
-

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев
-

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија
