Свет
4. April 2026 - 14:28

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на украинскиот шеф на државата Серхиј Никифоров.

„Претседателот пристигна во Истанбул на разговори со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган“, рече Никифоров.

Портпаролот, исто така, рече дека Зеленски ќе се сретне и со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

 

МИА