Зеленски: Путин никогаш не сакал завршување на војната, потребен е поголем притисок врз Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин никогаш не сакал да ја оконча војната во Украина и истовремено повика на зголемување на притисоците врз Москва.
„Путин никогаш не сакаше да ја запре војната. Стравуваа од потезите на претседателот на САД, Доналд Трамп и од притисокот од Америка. Затоа ја играше оваа игра, наводно барајќи преговори“, изјави Зеленски во интервју за „Си-Ен-Ен“.
Според неговите зборови, потребно е САД да извршат значителен притисок врз Путин, во спротивно, како што рече, рускиот претседател нема да дојде на преговори.
„Тој само ни поставува ултиматуми – да се повлечеме од нашата територија. Но, тука нема да застане. Не, не, ова не му е доволно“, оцени Зеленски.
Зеленски додава дека војната на САД и на Израел против Иран му носи повеќе пари за Путин, а евентуалното укинување на санкциите од страна на САД би било и лично корисно за рускиот лидер.
„Затоа, секако, тоа му дава на Путин самодоверба дека може да ја продолжи војната“, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина сега побарала од САД да одредат датум за трилатерална средба, нагласувајќи дека Киев секогаш го поддржувал тој формат, како и Трамп и неговиот тим.
„Сега американската страна го одложи состанокот поради Иран. Сепак, ако навистина сакаме да ја запреме војната, мора да се сретнеме на ниво на технички групи, мора да се сретнеме на ниво на лидери. Мора да извршиме поголем притисок врз Русија. Ако не ги преземеме овие чекори, нема да се приближиме до мирот“, изјави украинскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен кавадарчанец, во два наврати е затекнат како управува мопед и возило без дозвола
-

Уапсено лице од село во општина Старо Нагоричане, предивикал пожар во туѓ имот
-

Мицкоски од Кочани: Нека споменот за нив остане вечен, а нашата заедничка човечност и единството нека бидат сила што ќе нè води напред
-

Значително поскапување на горивата – РКЕ ги објави новите цени
-

Телефонски разговор Муцунски - Хоџа
-

Следните денови врнежи од дожд и посвежо
-

Комеморативен настан „Ден на сеќавање - 16 март 2025“: Да споменуваме дека имаме чета ангели на небото и да се гордееме што ги имавме со нас
-

Преживеан од трагедијата во „Пулс“: „10 дена кома и месец борба, животот е кревок, секој ден е подарок“
