Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите

Русија веќе 36 дена го игнорира американскиот предлог за прекин на воздушните, морските и копнените напади, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето традиционално вечерно обраќање до нацијата, пренесоа украинските медиуми.
-Пред 36 дена, САД предложија целосен и безусловен прекин на воздушните, морските и копнените напади. Украина го прифати тој предлог веднаш – пред повеќе од еден месец. Русија продолжува да го игнорира и допрва треба да трпи последици, а тоа е голем проблем, рече тој.
Зеленски вчера разговарал со дипломатите за можни средби во следните недели во Украина и Европа, соработката со САД и односите со други земји „кои се доволно силни за навистина да влијаат на дипломатијата“.
Шефот на украинската држава посочи дека „во сите делови на светот треба да биде подеднакво јасно дека единствена причина за оваа војна е Русија“.
Зеленски во вчерашниот телефонски разговор со финскиот претседател Александар Стуб разговараше за ситуацијата во Украина, потребата на земјата од системи за противвоздушна одбрана, воведувањето построги санкции кон Русија и заедничките одмазднички акции против можните руски провокации.
Ново на Сител
-

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Санкционирани 104 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Колумбија: Најмалку 16 матуранти загинаа во пад на автобус во клисура длабока 80 метри
-

Најстудено утрово во скопски Петровец и Берово -6 степени
-

Запленета брендирана стока и разновиден алат, две лица приведени | ФОТО
-

СДСМ утре ќе го бира новото раководство
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
